Редно време е некој да му каже на Роналдо дека така не се стои на жив ѕид или па подобро нека не стои. Со Порто и сврте грб на топката, ги рашири нозете и примија гол, а вечерва е виновник што Парма поведе. Погледнете му ја реакцијата. Не те јаде бе Кики, топка е.
Во последните неколку месеци видовме неколку ситуации во кои и оние кои го изведуваат слободниот удар и оние кои го бранат, смислуваат разни начини за постигнување на целта, а сè во склад со правилата.
Искрено воопшто не им ја контаме идејава на момциве кои ставиле двајца нивни играчи да клечат пред поставениот жив ѕид. После ова што го направија не веруваме и дека некогаш повторно ќе ја повторат.
Нихат Кавечи од Реал Сосиедад се мести на слободен удар против Касиљас, а пред него една стара добра дружина составена од: Раул, Фиго, Бекам, Роналдо, Зидан и Елгера. Ги гледаш и ти е глупо да ги погодиш.
Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.
Слободниот удар на Јапонциве е мозган на тренинг, како да се деконцентрира голманот. Тој непотребно гледа во играчите кои клечат и кои воопшто не влијаат на шутот.
ФИФА го најде чарето за проблемот кога фудбалерите често "крадат" кога го формираат таканаречениот жив ѕид со спреј, кој ќе се користи и на Светското клупско првенство.
Адилсон Батиста, тренерот на бразилскиот клуб Фигуеиренсе, смисли нов начин на спречување на опасни шутери, па покрај шестмината фудбалери во живиот ѕид, постави и еден во лежечка позиција за блокирање на ударите по земја.