Најдобрите живи ѕидови во историјата

Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.

Играчите на Манчестер Јунајтед: Рој Кин, Дејвид Бекам, Енди Кол, Рајан Гигс, Двајт Јорк и Пол Сколс се обидуваат да го спречат шутот на Роберто Карлос.

Легендарното финале на ЛШ 1999. година Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед: Лотар Матеус, Јенс Јеремис, Александер Циклер и Штефан Ефенберг против Дејвид Бекам.

Рома го пречека лидерот Јувентус, а Дамијано Томази, Франческо Тоти, Габриел Батистута и Марко Делвекио го спречија ударот на Зинедин Зидан.

Уште едно легендарно финале, Ливерпул - Милан 2007. година. Шутот на Андреа Пирло од слободен се обидоа да го маркираат Хавиер Маскерано, Стивен Џерард, Дирк Кајт и Џејми Карагер. Не им помогна.

Репрезентацијата на Бразил на Мундијалот 2006. година. Во живиот ѕид: Кака, Адриано, Роналдо, Роналдињо и Зе Роберто.

Аргентина на Светското 2002. година: Ариел Ортега, Хавиер Занети, Габриел Батистута, Хуан Верон и Диего Симеоне.

Луис Фиго против Стивен Џерард, Френк Лампард, Дариус Васел, Дејвид Бекам и Ешли Кол на мечот Португалија - Англија на Европското првенство 2004. година.

Галатасарај од шампионските денови, против Јувентус во ЛШ: Ѓеорѓе Хаџи шутира а во ѕидот скокаат: Марк Јулиано, Антонио Конте, Жослен Бланшар, Зинедин Зидан, Филипо Инзаги и Џанлука Песото.

Франчестко Тоти постигнува гол против Милан: Гатузо, Сержињо, Ривалдо, Руи Коста, Редондо.

Теди Шерингам против златниот состав на Арсенал: Реј Парлоу, Патрик Виера, Тиери Анри, Роберт Пирес, Денис Бергкамп.

Раул, Бекам, Фиго и Зидан на мечот против Реал Сосиедад.

Жив ѕид на Челси во 2008. година: Дидие Дрогба, Вејн Бриџ, Михаел Балак, Џон Тери и Ешли Кол.

Мајсторот за слободни, Жунињо Пернамбукано шутира преку живиот ѕид на Франција составен од: Зидан, Виера, Анри и Марсел Десаи.