Таг: адриано

Адриано на Матераци му пее хит од Тициано Феро

Адриано во опуштено издание и гол, класика. Десно од него е  Марко Матераци, а лево Цезар и двајцата поранешни клупски колеги од Интер. Во Рио се за неговиот проштален натпревар на Маракана.

Емоции до небо на Маракана со Адриано, го пуштија татко му на видео бим

Легендарниот стадион Маракана во Рио де Жаниеро беше домаќин на пријателски натпревар во чест на славниот бразилски напаѓач Адриано, кој го одигра својот последен натпревар.

Опасно ретро старо 20 години: Адриано и Рекоба, против Пандев и Роки

30 октомври 2004, Лацио - Интер 1:1. Горан е во прв состав на 21 година и игра против Занети, Камбјасо, Станковиќ, Кордоба, негови идни поранешни соиграчи со кои ќе ја освои тројната круна. Во Интер е и Синиша Михајловиќ со тазе направениот трансфер од Лацио. Па уште и Давидс и Верон им се во состав. Какви времиња.

Греота за фудбалот е што не успеа да влезе оваа топка на Адриано

Интер vs Валенсија пред 20 години. Адриано vs Давид Наваро. Дриблинг каков што речиси и да не гледаме во денешно време. Каква играчина беше додека играше во топ форма. Штета.

Најлошиот vs најдобриот Адриано

Куса компилација на Бразилецот кој за жал остана недокажан до крај. На вториот дел го гледате Роналдо де Лима втор дел, а на првиот човек кој како прв пат во живот да фаќа топка.

Искрена и емотивна исповед на Адриано кој место пари сакал да биде среќен

Колку и да забега во лоши друштва по тоа фавелите во Бразил, Адриано со години остана најзборувана бразилска ѕвезда која не светна до крај. Непосакуваниот пад му се случи кога почина татко му, психолошки удар кој не го издржа додека пукаше неодбранливи бомби во дресот на Интер со кој освои две Скудета. Токму и тоа го истакнува, дека тогаш наместо пари бил во потрага по својата среќа.

Интер имаше специјален гостин на градското дерби

Иако живее во Бразил и веќе неколку години како е влезен во сомнително друштво со кое прави ѓурултии, Адриано синоќа скроз изненади и се појави на Меаца на полуфиналето меѓу Интер и Милан.

Во меѓувреме одиме во Бразил кај Адриано

Кој би рекол дека голиов на веспава има играно во Италија каде освои 9 трофеи со Интер и има дадено 27 гола за Бразил на 48 настапи. Не се опраи и не се опраи.

Адриано е направен змеј

Снимен е во неделата сабајле на некој концерт. Значи од сабајле не може да стои на нозе. Се ќупосал од пиење.

Падот на Адриано

Кога еден Златан ќе потроши такви зборови како на почетокот на видеото што ќе го објавиме, тогаш што сакате повеќе. Но тој проклет телефонски повик од Бразил ја заеба калимерата.

Фото на денот

Вакви легендарни фотки ретко, ама многу ретко се гледаат. Ве потсетуваме на моментот кога Синиша Михајловиќ ги однесе Адриано и Виери на лесковачка во Белград. Повеќе информации за таа ноќ немаме. Се работи за 2004-та година. Бутаа мрснотии со сосови со сè.

Најдобриот фудбалер со кој играл Ибрахимовиќ

Го прашуваат Златан кој е најдобриот со кој бил во ист тим. Тој вели дека ги има многу, ама на крај издвојува само еден со име и не го нарекува фудбалер, туку животно. Штета што го снема од терените за толку кусо време.

Звукот на пречката по бомбата на Адриано

Во септември 2004-та Интер го пречека Палермо на “Џузепе Меаца“ и дуелот заврши 1-1, но ќе се памети по звукот на неверојатниот шут на Адриано кој заврши во пречката.

Врвот и падот во кариерата на Адриано

Со Мајкл Џордан во ист ден е роден и еден, не знаеме дали да речеме легендарен бразилски фудбалер. Тоа е епитет кој требаше природно да му припадне, бидејќи од него се очекуваше да биде новиот Роналдо. На крајот излезе губитник, заврши во четврта лига, по што се појавија слики како се движи во сомнителни кругови.

Врвната реклама за Бразил со Роналдињо, Роналдо и компанија

Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...

Најдобрите живи ѕидови во историјата

Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.