40 годишниот Адриано кој на времето беше сметан за наследник на Роналдо беше фантастично пречекан од навивачите на Интер, па дури и го расплакаа.
Му го дадоа прекарот „Император“ и токму на овој стадион тој го достигна врвот на формата.
Беше член на Интер во три наврати во периодот 2001-2009 и на 177 натпревари постигна 74 гола.
Бразилецот освои 4 Скудета, 2 Купа и 3 Супер Купови на Италија.
„Им благодарам на сите за пречекот, навистина сум среќен што сум тука. Возбуден сум, бидејќи имам многу спомени на овој стадион. После толку години да се биде овде е огромно задоволство и кога ќе влезеш целиот филм ти поминува низ глава за тоа што си направил како фудбалер и како човек. Убаво е да се добие оваа наклонетост, морам да им се заблагодарам на сите.
Што ми паѓа на памет кога ќе влезам на Сан Сиро? Многу работи, на дербито е импресивно, има малку споредливи работи, тоа останува во тебе засекогаш. Интер ме пречека одлично, исто како и Италија. Ова е мојот втор дом, благодарен сум за сè. На навивачите особено им благодарам што ме направивте „император“, без вас немаше никогаш да станам. Со моето семејство кога зборуваме за Интер секогаш е возбудливо, се надеваме дека ќе победиме и ќе си одиме дома среќни“.
— 🔴⚫Márcio Costa🔴⚫ (@MarcioR04141389) April 19, 2022
Имаше огромен потенцијал кој не го искористи до крај поради водење погрешен живот. Добро, барем во последно време не вози кога пие.