На прошталниот меч на Императорот се направија две екипи, „Легендите на Фламенго“ против „Пријателите од Италија“.
Се одигра пред 23.000 навивачи, а Адриано настапи по едно полувреме за двете екипи. Мечот заврши 4:3 за „Пријателите од Италија“, Адриано постигна по еден гол на двете страни, а меѓу стрелците беше и син му Адрианињо.
Последниот официјален натпревар Адриано го одигра во 2016-та за Мајами Јунајтед, но никогаш немаше официјално збогување со фудбалот, бидејќи секогаш мислеше дека ќе се врати на теренот.
„Најважно е што ги собрав моите пријатели. Тие се моето семејство. Не ми се верува. Тоа што сум повторно на теренот со моите вистински пријатели ме прави многу среќен“, рече Адријано.
Бразилецот беше полн со емоции и заплака неколку пати. Најпрвин кога на терен се појави баба му за да го изведе почетниот удар, потоа кога син му даде гол, а најмногу кога на видео бим го пуштија татко му и тоа со аудио со помош на вештачката интелигенција.
Меѓу пријателите на Интер кои присуствуваа на последниот меч на Адриано беа Бразилците Роналдо (кој не играше поради повреда) и Дида, Италијанецот Марко Матераци, Колумбиецот Иван Кордоба, Парагваецот Карлос Гамара, Аргентинецот Николас Бурдисо и Чилеанецот Давид Пизаро.
Фламенго, чиј тренер беше неговиот идол Зико, имаше ѕвезди како Ромарио, Зињо и Едилсон, потоа Диего Рибас, Жулио Цезар, Жалмиња, Вагнер Лав и Србинот Дејан Петковиќ.
Како увертира за неговото збогување, минатиот месец ја објави својата автобиографска книга „Адриано, мојот најголем страв“, каде сподели приказни со детали за неговата борба со алкохолот, депресијата и длабоката љубов кон фавелата Вила Крузеиро, каде што сè уште живее.
ESSE VÍDEO É A DEFINIÇÃO DE "AURA" NO FUTEBOL! 😱⚽
— Lance! (@lancenet) December 15, 2024
O Ronaldo Fenômeno entrou em campo para entregar a tradicional munhequeira para o Adriano Imperador. QUE MOMENTO ÉPICO! 🇧🇷#FutebolBrasileiro #AdrianoImperador #RonaldoFenomeno pic.twitter.com/pNmHNYfPsI
Fim de jogo no Maraca!
— Flamengo (@Flamengo) December 15, 2024
Adriano Imperador se despede com gol e vitória do MENGÃO: 4 a 3! #ObrigadoImperador! A Nação te ama! ❤️🖤#CRF
📸 Paula Reis / CRF pic.twitter.com/xQOdYgta6q