„Среќата е поважна од парите. Јас се избрав себе и фамилијата. Го изгубив татко ми и не сакав да го лажам Морати и да играм фудбал без воља. Избрав да одам во Бразил, бидејќи така се чувствував, дека морам да одам дома“.
Инаку за помладите. Адриано во 2004 и 2005 им донесе титули на Бразил во Копа Америка и Куп на Конфедерации и заврши како најдобар стрелец на двете натпреварувања. На СП 2006 беше дел од таканаречената магична четворка со Роналдо, Роналдињо и Кака.