Големиот бразилски талент беше сметан за наследник на Роналдо, но на само 22 години остана без татко и потоа ништо повеќе не беше исто со него.
А колку само мастраф имаше во овој ѕвер од напаѓач кој имаше удар како катапулт. Во Интер славеше четири Скудета, а Занети за него рече:
„Игравме пријателски натпревар против Реал Мадрид на кој даде извонреден гол. Си реков во себе – Хавиер ова е новиот Роналдо. Сè поседува, физички е силен, има техника, дриблинг, брзина, шут, игра со глава. Адријано е од Фавела и тоа многу ме плашеше. Добро ги познавам и тоа е беда во Бразил слична како во Аргентина. Ја видов таа опасност и незгодно е кога ќе се збогатиш, а претходно не си имал ништо. Секој ден после тренинг го потпрашував каде ќе оди и што ќе прави. Се плашев да не влезе во некои неволји“.
„Адријано беше многу поврзан со татко му. Пред почетокот на сезоната се случи нешто шокантно. Му се јавија од Бразил да му кажат дека е мртов. Го видов во соба, ја фрли слушалката и почна да вришти. Не можете да замислите каково викање беше тоа. Се ежам кога ќе се сетам на тој момент. Од тој ден со Морати внимававме на него како на помал брат. Во меѓувреме продолжи да игра фудбал, постигнуваше голови и гледаше во небо за да му ги посвети. Од тој телефонски позив повеќе ништо не беше исто“.
Од ѕвезда во Серија А, Адриано стигна до тоа дереџе да се слика со оружје во сомнително друштво, а во 2014-та се соочи со обвинение за продажба на дрога за што куртули затворска казна поради тоа што судот во Рио немаше доволно докази.
Слушнете го што вели Ибрахимовиќ со кој играа заедно во Интер.