Крокодили, спуштени шорцеви, возови - кои се најнеобичните слободни удари?

Во последните неколку месеци видовме неколку ситуации во кои и оние кои го изведуваат слободниот удар и оние кои го бранат, смислуваат разни начини за постигнување на целта, а сè во склад со правилата.

Еволуцијата на фудбалот ги опфати и слободните удари или прекините, како сакате повеќе.

Така сме гледале зад топката да се наредат 3-4 играчи и како во играта „како првиот така и вториот“ трчаат кон топката, а голманот не знае кој ќе распали. Често гледаме и фудбалери кои стојат во живиот ѕид иако нивен соиграч изведува слободен удар - со цел да му засметаат на голманот во моментот на шут или пак да ја прими топката во последен момент и самиот да шутира (Хавиер Занети даде така легендарен гол против Англија на Светското 1998).

Последна иновација, изум на одбраната од слободни удари е „крокодилот“ - односно човек кој легнува испружен зад живот ѕид и на тој начин го штити голот од удар по земја, во ситуација кога соиграчите од живиот ѕид скокаат да бранат шут.

ПРОДОЛЖЕН ЖИВ ЅИД НА КОЛЕНИЦИ

Оваа „фора“ ја користат фудбалери чиј тим има слободен удар. Корисноста на оваа шема уште не е јасна иако веројатно намерата е да му се попречи погледот на голманот.

Ова им успеа на фудбалери на мечот меѓу Роасо Кумамото и Јокохама во Јапонија. Тогаш играчот што шутирал, Тошихиро Мацушита маестрално пласирал во аголот и не се знае дали оние што клекнале на колена му помогнале при погодокот:

А во Австрија направиле утка со ваквата шема, затоа што тој што шутирал се решил да распали со сета сила ниско по земја, па претпоставувате што се случило:

СИТЕ ВО ЖИВ ЅИД НА ГОЛ ЛИНИЈА

Ова сме го гледале неколку пати. При индиректен удар на само пар метри од гол линијата, немаш како да го браниш голот освен да се испонаредат многу играчи на жив ѕид на самата гол линија, па ако се спасат се спасат.

А во Германија на дербито Баер Леверкузен - Херта имаше ситуација во која сите 11 играчи на тимот од Берлин се наредија на гол-линијата за да бранат индиректен удар.

За Баер беше тешко да најде пат до мрежата иако пробаа неколку пати од одбиена топка па видеото стана вирално. Прво Белараби проба, овие одбија, па проба Леон Бејли па пак Бејли па на крај Фоланд кој ја погоди пречката. Циркус:

ФИНГИРАЊЕ РАСПРАВИЈА ПРЕД ИЗВЕДУВАЊЕ ФАУЛ

Шест души околу топката, двајца најочигледни дека ќе шутираат. Дали левакот ќе изведе или деснакот, најчесто се прашува голманот.

На крај не шутира ни едниот ни другиот иако се острат. Имало и случај кога двајца меѓу нив наводно се расправаат и ненадејно трет играч од позадина го „оладува“ голманот.

НАЈЛУДИОТ СЛОБОДЕН УДАР ВО ИСТОРИЈАТА

Без конкуренција е оној на мечот Катанија - Торино (3:2) пред десетина години. Резултатот нерешен, натпреварот пред крај а домаќините добиваат слободен удар. Додека Маскара се мести да шутира, тројца негови соиграчи истрчуваат пред голманот Матео Серени, а зад неговиот жив ѕид и во еден момент фудбалерот Џанвито Плазмати ги спушта шорцевите и се соблекува. Тоа му засметува на голманот а Маскара ја пласира во агол за еврогол:

Во тоа време уште немало правилник за казнување вакви работи или голот да се поништи, па судијата Колина им покажал само жолти картони на актерите.

ВОЗ

Легендарното вовче проаѓало многу пати и голманите уште не нашле чаре за ова:

15 ноември 2018 - 13:04