Освојувачот на Копа Либертадорес го победи победбникот од Лигата на шампиони на финалето во Јокохама и се искачи на тронот на светот. Со тоа екипата на Коринтијанс го повтори успехот од 2000-та година и ја прекина доминацијата на европските екипи која траеше 5 љ години.
Ова беше втор неуспех за Рафа Бенитез кој во 2005-та година во финалето загуби од Сао Паоло со екипата на Ливерпул.
Во текот на натпреварот двете екипи креираа неколку шанси, но единствениот гол падна во средината на вториот дел.
Паоло Гереро ја искористи конфузијата во одбраната на Челси и со глава во 68-та минута ја смести топката во голот на Чех кој во тој момент беше излезен во шеснаесетникот, а наместо него на гол линијата имаше тројца дефанзивци кои беа немоќни да го спречат водството на Коринтијанс.
Претходно екипата на Монтереј од Мексико го освои третото место откако го совлада Ал Ахли со 2:0.