Историски момент во фудбалот, првпат досуден пенал по видео снимка
На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.
Со пеналот, Кашима поведе со 1:0 а до крајот убедливо триумфираше со 3:0 против колумбискиот Атлетико Национал, тим против кој во финалето на Копа Судамерикана требаше да игра бразилскиот Шапекоенсе.