Таг: кашима

Во таа лева нога имаше повеќе магични трикови отколку во џебот на кловн

Леонардо Нашименто де Араухо. Бразилецот кој правеше чудесни дриблинзи во дресовите на Фламенго, Сао Пауло, Валенсија, Кашима Атнлерс, ПСЖ и Милан. Освои многу трофеи, највреден секако е златниот пехар со Бразил на Светско првенство 1994 во САД. А негов најубав гол во кариерата? Во дресот на Кашима во Јапонија.

Историски момент во фудбалот, првпат досуден пенал по видео снимка

На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.

Кај што се парат пајаците

Волејот е еден од најатрактивните удари во фудбалот, а од овој немате видено појак. Го постигна Даиго Ниши од Кашима Антлерс во дуел од јапонската Џеј - лига.