И со лежење ќе те пратам по тутун

Максимилијано Меса од Монтереј ги запали Твитерџиите со мајмунлак од лежечка позиција. Иако ова личеше само на голема пожртвуваност за да спаси аут, потоа му текна и нешто друго.

Инаку ова беше финале во Лигата на шампионите во Конкакаф зоната (Средна, Северна Америка и Карибите) во кое Монтереј стигна до петтиот трофеј откако во финале славеше над Клуб Америка со 1:0.

 

29 октомври 2021 - 07:50