После победничкиот пенал сите играчи на Монтереј се растрчаа по теренот каде лудо и се радуваа на титулата, но главниот тренер Антонио Мохамед остана на клупата и се расплака со молитвено држење на рацете. Тој го исполнил главното ветување во својот живот.
EL GOL DEL TÍTULO. VANGIONI.pic.twitter.com/ndxDz3hp1M
— Soy Rayado (@SomosRayados) December 30, 2019
Во својата младост, Антонио Мохамед, кој има сосема интересно потекло со корени од Мексико, Аргентина, Сирија и Хрватска, бил центарфор и играл за десетина клубови во латинска Америка. Поради презимето, во Мексико и Аргентина е познат под прекарот „El Turco“ (Турчинот).
Во Монтереј играл 2 години (1998-2000) а во овој период во клубот најмногу се вљубил син му Фарид.
Тато Мохамед му ветил на Фарид дека еднаш кога ќе се врати во Монтереј ќе ја освои титулата.
Но во 2006 година се случила страшна трагедија: Фарид загинал во сообраќајна несреќа. Тогаш можел да загине и Мохамед кој поминал со тешки повреди и за малку не останал без обете нозе.
Трагедијата се случила во Германија за време на Светското првенство. Фарид го замолил татко му да отидат да ја гледаат репрезентацијата на Аргентина. Мохамед не можел да го одбие син му.
Но на автопатот меѓу Дрезден и Франкфурт, кола од спротивната лента им влегла во нивен правец и настанал трагичен судар.
Оваа несреќа оставила длабока трага врз семејството на Мохамед. Наскоро почнале расправии со жена му, а медиумите постојано пишувале дека семејството се распаѓа. Мохамед се уште тешко го поднесувал тоа што се случило и панично се труди ниту минута да не остане сам.
Слободното време по тренинзите, Антонио обично го проаѓа со играчите, за подобро да ги запознае и да ја исполни својата самотија.
Интересно, во 2012 и 2014 година Мохамед два пати ја освојувал мексиканската клаузура со клубовите Тихуана и Америка, а во 2015-та се вратил во Монтереј. За три години два пати ја внел својата екипа во финалето на првенството на Мексико (се играат два меча), но два пати изгубил и заминал во шпанска Селта Виго.
Во октомври 2019 година Мохамед се вратил во својот Монтереј, за да го доврши започнатото.
Прво ја однесе екипата на Светското клупско првенство каде го совлада катарскиот Ал Сад, но во полуфинале изгубија од Ливерпул дури во финишот, откако добро се држеа во текот на целиот меч. А на дуелот со Ливерпул имаа кратка расправија со Клоп кој непримерено му се плезеше.
Главна цел на Антонио Мохамед му била титулата во Мексико. Пред реваншот синоќа тој не давал никакви коментари. Во неделата го виделе како се моли во главниот храм на Мексико - базиликата на Божјата Мајка Гвадалупска.
За Мохамед ова бил најглавниот меч во неговиот живот. И успеал да победи.