Во полуфиналето на Светското клупско првенство, Каталонците со 3:0 го победија кинескиот Гвангжу. Во отсуство на Меси и Нејмар, Луис Суарез тогаш постигна хет-трик. Со двата голови во финалето попладнево против Ривер, Уругваецот постигна вкупно пет и е најзаслужен за новата радост на Барса.
Меси и Барселона стигнаа до третиот трофеј од пет финалиња во ова натпреварување, круна на фантастичната 2015-та за клубот од Камп Ноу. Од друга страна, Ривер Плата останува на еден освоен трофеј светски клупски првак, освоен во 1986. година против романската Стеауа.
Каталонците го скршија отпорот на Ривер после половина час игра. Меси во 36’ минута најдобро се снајде во противничкото поле и го отвори резултатот. Следуваа два гола на Суарез во 49’ и 68’ и мечот беше решен. Асистенти на головите беа Нејмар и Бускетц.
Барса сега е единствен клуб со три пехари од Светското клупско првенство. Првиот пехар на овој турнир, Барселона го освои во 2009-та кога го совлада Естудиантес со 2-1 после продолженијата. Втор пат се качија на светскиот врв во 2011-та година, после славјето против Сантос од 4:0 во финалето.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Луис Суарез, кој ќе добие автомобил како награда за индивудалните достигнувања. Третото место го освои јапонската Хирошима по триумфот над кинескиот Гвангжу со 2:1. Европјаните сега имаат 29 титули на Светското клупско првенство, а Аргентинците 22.
Головите од мечот: