Кој против кого во нокаут фаза?

Завршија групите од Светското клупско првенство. Ќорав натпревар не изгледавме. Немаше пренос на Арена, јебига. Ама се изнагледавме хајлајтси. Допрва почнуваат јаките битки.

Девет од 16 клубови кои се пласираа во осминафиналето се од Европа: Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ.

Четири се бразилски клубови: Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе и под еден има од САД (Интер Мајами), Мексико (Монтереј) и Саудиска Арабија (Ал Хилал).

Јувентус нагази на многу тежок противник, а тоа е 15 кратниот европски првак Реал Мадрид. Меси ќе игра против неговиот довчерашен клуб ПСЖ, а Интер и Баерн ќе се соочат со екипи од Бразил.

Уште појако ќе станува во четвртфиналето, каде можни се повторувања на три тазе финалиња од Лига на шампиони: ПСЖ - Баерн 2020, Интер - Манчестер Сити 2023 и Реал - Борусија 2024.

ОСМИНАФИНАЛНИ ДВОЈКИ

28 јуни (сабота)

Палмеирас – Ботафого
Бенфика – Челси

29 јуни (недела)

ПСЖ – Интер Мајами
Фламенго – Баерн Минхен

30. јуни (понеделник)

Интер – Флуминенсе
Манчестер Сити – Ал Хилал

1 јули (вторник)

Реал Мадрид – Јувентус
Борусија Дортмунд – Монтереј

27 јуни 2025 - 09:34