Уругвај одигра доминантен натпревар и заслужено ја совлада Гана со 2:0, резултат на кој одеа за да се пласираат во осминафиналето. Но ова е Мундијал со секојдневни чуда, а последното го направија Корејците кои неочекувано направија сензација против Португалија и стигнаа до нокаут фаза. Луис Суарез не можеше да поверува на голот на Кореа во 91-ва минута, а Кавани му се истури на тв екранот на кој судијата гледа ВАР.