Кавани спасил живот на ќерка на новинар

Напаѓачот на Бока Јуниорс ја покажа својата најдобра страна. Интервенирал за многу скапа операција, која била клучна да преживее дете.

Ема, ќерка на уругвајскиот новинар Рафа Котело страдала од комплексна состојба уште од детството. 

Детски неврохируг во Аргентина, ја оперирал два пати во последните 10 години, но поради компликации, нејзиниот живот бил во опасност.

„Кога докторот ги виде резултатите од тестот, рече дека мора веднаш да се оперира. Беше во опасност“, раскажува Котело

Проблем било што операцијата била многу скапа, а требала да се плати во готово на лице место. Котело не можел да се справи финансиски и решил да побара помош од Кавани, со кој бил во добри односи.

Прво не можел да го најде, па стигнал до него преку сопругата. „Јас ќе се погрижам за тоа“, рекол Кавани.

Но, Кавани не бил таму во клучните моменти, па новинарот земал заем од пријател, инаку газда на ресторан, за веднаш да му донесе пари.

Тој ја испразнил касата и му ја однел цела заработка од таа вечер во клиника, што било доволно за операцијата.

Кавани потоа му ги надоместил сите пари.

„Никогаш повеќе не ги спомна тие пари“, рече Котело, за овој случај пред една година, кој потоа и го прославил 15-от роденден на својата ќерка благодарение на уругвајскиот напаѓач.

12 септември 2025 - 08:18