Полуфинале на Светско првенство:
ХРВАТСКА - АНГЛИЈА 1:1 во основно време, 2:1 во продолженија
Дуелот на легендарниот „Лужники“ во Москва пред 78.011 гледачи е историски од многу причини, а Англичаните имаа старт каков што сонуваа. Нивниот можеби најдобар фудбалер на овој Мундијал Киран Трипије со прекрасен гол од слободен удар им донесе водство и ја фрли во транс земјата која чекаше финале од 1966 година:
Хрватите не паднаа психолошки по примениот гол и веднаш се обидоа да го префрлат тежиштето на играта на противничка половина. Се бореа како рудари но до полувремето Англија го сочува водството.
Во вториот дел „коцкестите“ тргнаа како да немаат негатива - офанзивно, храбро и отворено. Тоа им донесе заслужено израмнување во 68’ минута со ефектниот гол на Иван Перишиќ (на крајот го прогласија за играч на мечот) на центаршут на Вршаљко:
До крајот од основното време на второто полуфинале на Светското, Хрватите тргнаа по втор гол но безидејната Англија која некако успеа да се одбрани.
Но во продолженијата им немаше спас, затоа што избраниците на Златко Далиќ кој менуваше дури во тој период од мечот (Саутгејт направи измени нешто порано), стиснаа заби и заслужено стигнаа до втор гол кој ги однесе во првото историско финале на Светско првенство.
Марио Манџукиќ вешто се искраде зад англиската одбрана која заборави на него, а фудбалерот на Јувентус од прва со лева распали за неверојатна победа на Хрватска која оди во финале против Франција:
Croatia become the 13th different country to reach a World Cup final and the 10th from Europe. #WorldCup #CRO
— Gracenote Live (@GracenoteLive) July 11, 2018
Only Uruguay in 1930 (around 1.9 million) had fewer population when reaching the final of a World Cup, than Croatia has now (4.2 million). This excludes the 1950 tournament, which had no final. #WorldCup #CRO
— Gracenote Live (@GracenoteLive) July 11, 2018
Croatia are the first team to avoid defeat after trailing in three knockout matches at a single World Cup. #WorldCup #CRO
— Gracenote Live (@GracenoteLive) July 11, 2018