Една од главните гости на мечот Данска - Хрватска во осминафиналето беше и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ. Таа се решила своите „коцкести“ да ги гледа не од ВИП ложата, туку со хрватските навивачи долу на трибините.
Колинда во Русија отпатувала со економска класа а не бизнис. Патниците во авионот биле воодушевени од нејзината отвореност за разговор.
„Сакав да покажам дека јас сум исто навивач како и сите останати и решив да ја поддржам репрезентацијата во круго на навиваите на трибините. Облеков дрес од репрезентацијата. Дрес-кодот во ВИП зоната каде побично седат официјалните лица не дозволува таков кодекс. За жал, Модриќ не го даде пеналот на крај, но нашиот голман се прослави во пенал серијата, стана херој на мечот и помогна екипата да се пласира во четвртфинале. Ќе видиме како ќе биде во Сочи со Русија, нека победи подобриот“, напишала Колинда Грабар-Китаровиќ после драмата со Данска.“
Уште на 1 јули Грабар-Китаровиќ и честитала на Русија за победата над Шпанија на Твитер каде го тагнала и претседателот Владимир Путин.
Congratulations to #RUSSIA on a great play ⚽️! See you in #Sochi! @PutinRF_Eng
— Kolinda GK (@KolindaGK) July 1, 2018
Колинда Грабар-Китаровиќ стана претседател на Хрватска во февруари 2015 година. До тогаш таа работела во хрватската амбасада во САД и била помошник на генералниот секретар на НАТО за прашања поврзани со јавната дипломатија.
Мечот Русија - Хрватска од четвртфиналето се игра во сабота од 20 часот.