Послушајте прогресивци, да ви каже Ципрас словото

Грчккиот премиер Алексис Ципрас на своите граѓани им го објаснува Преспанскиот. Неверојатно е како тој човек ги лаже, само за да не им текне на Грците како ние генијално си го откочивме патот кон Европа.

Вика, 140 земји нè признале како Република Македонија.
(хаха, лаже!)

Вика, после 25 години успеaвме со ерга омнес.
(хаха, лаже!)

Вика, името Македонија, без било каква одредница, останува во Грција. 
(хаха, лаже!)

Вика, признавме државјанство но не им ги признавме националностите.
(хаха, лаже!)

Вика, ќе ги менуваат учебниците, спомениците....
(хаха, лаже!)

И на крај, како фациал на сите „напредни“ вошкари и „прогресивни“ слепци северно од Евзони, на кои поимот националност им личи назадно и мириса небањато, грчкиот Роко Зифреди, тоест Алексис Ципрас, се послужува со цитат од грчкиот поет Дионисиoс Соломос.

Баш со овој цитат:

„Народот треба да научи да го разбира националното како нешто што е вистинско“.

*****

28 јануари 2019 - 22:33