Еден од водачите на Торцида и прв претседател на здружението на навивачи на Хајдук „Наш Хајдук“, Жан Ојданиќ денес скокал од авион со падобран околу 12:00 часот заедно со уште девет падобранци, меѓу кои биле и неговиот син и сопруга, пишува Слободна Далмација.
Ојданиќ излегол од авионот и се се одвивало добро и нормално до некои 150-ина метри над земјата, кога водачот на Торцида не успеал лесно да се приземји, туку со сета сила удрил на земја и доживеал тешки телесни повреди од кои после 45 минути починал.
Инаку Ојданиќ долги години бил инструктор-наставник во Падобранскиот клуб „Гравитон“ од Сплит, а скоковите најчесто се одвивале на спортскиот аеродром Сињ во Сплит. Ојданиќ имал преку 500 скока и важел за искусен падобранец. Веста го шокирала Сплит, град во кој Ојданиќ бил омилен лик меѓу играчите и навивачите на Хајдук.
Логото на Торцида со лик со маскирна марама и наочари за сонце е правен токму според Ојданиќ, поточно фотографија со него од едно гостување на групата во Марсеј во 1987-та година.
На сињскиот спортски аеродром деновиве се одржува падобрански собир „Кроатиен Буги 2016“ на кој учествуваат стотина падобранци од Хрватска, Германија и Црна Гора.
Слободна Далмација пишува и дека за несреќата е известено и хрватското обвинителство кое ќе изврши увид на местото на трагичниот настан.
Торцида емотивно се прости од Жан Ојданиќ: