Двајца големи напаѓачи со различни карактеристики и можности. Панчев - крал на шеснаесетникот, роден стрелец кој на крајот би ги оплеменил напорите на екипата со гол, но за него требало да се работи многу затоа што бил играч со краток маневарски простор.
Панчев беше Сантрач од ’80-те и почетокот на ’90-те, еден од најдобрите стрелци, права национална класа, но за посилни лиги каква што беше Интер беше лимитиран затоа што делуваше само централно, додека Ален Бокшиќ беше модерен играч за она време, кој по своите карактеристики комотно можеше да игра и денес.Играше во три правци, па и во четврт - како прв одбранбен блок, често во пресинг на стоперите. Бокшиќ делуваше на широк простор, беше брз со долг чекор, моќен во дуел, продорен, правеше вишок еден на еден, асистираше.
Ален Бокшиќ не беше ефикасен како Панчев, но работеше за екипата, за соиграчите, се отвораше со голем трк. Покрај него се надаваа голови еден Руди Фелер на 35 години, еден Сињори еден Шукер.
Во 1991. година Франц Бекенбауер дојде на финалето на Купот - Црвена Звезда - Хајдук за да види во каква форма е Црвена Звезда, противникот на Баерн во полуфиналето на КЕШ, а го видел малиот 21-годишен Бокшиќ кој речиси сам во нападот на широк простор (Хајдук играше контри и полуконтри) на свој грб ја носел речиси комплетната одбрана на Звезда. На крајот Бокшиќ го дал победничкиот гол а можел уште некој.
Кајзер Франц Бекенбауер веднаш му го препорачал на Бернар Тапи во Марсеј. Олимпик две години подоцна стана Европски шампион најмногу благодарение на Бокшиќ.
На крајот, констатација дека секој тренер би посакал ваков тандем убиствени напаѓачи кои можат да играат заедно. Никогаш не играле во ист тим, но играле со слични напаѓачи. Панчев на врвот од нападот го имал „својот Бокшиќ“ во Биниќ, а Бокшиќ го имал „својот Панчев“ во Давор Шукер. Фудбалската судбина сакала овие двајца никогаш да не заиграат во иста екипа.
Via: Фејсбук фан пејџ: Историјата на екс-ју фудбалот.