На секој почеток на сезоната, еден од ритуалите е промоцијата на новите дресови која секоја екипа ја има во летниот период. Момент кој носи полемики каков треба да биде, дали е добар новиот дрес и што треба да се смени.
Експертите за маркетинг често се консултираат со луѓето во и околу клубот, но понекогаш се случува и да предизвикаат негативна реакција како онаа со новиот грб на Јувентус.
Во последно време една од најголемите компании за спортска опрема Macron е мошне активна. Нивно последно ремек-дело е новиот дрес на Хајдук Сплит (трета варијанта) на која се испринтани имињата и презимињата на илјадници членови на клубот.
ИЛИ ЈЕСМО ИЛИ НИСМО се вика финалниот продукт којшто изгледа врвно. Пишува Хајдук позади каде се и логоата и спонзорите на клубот. На етикатета пишува Хајдук живи вјечно што е парола синоним на сплитските ’Били’.
„Дресот е роден од потребата на клубот да креира нешто супер што ќе биде посветено на навивачите. Околу 2.100 навивачи на Хајдук ја поддржаа иницијативата нивното име да стои на дресот“, вели Анџело ди Лоренцо, еден од дизајнерите на Macron.