За 20-годишниот Никола кој го сруши Реал Мадрид

Има само 20 години а веќе за кратко време пројде необичен фудбалски пат од Евертон до ЦСКА Москва каде си го најде „своето јато“. Синоќа докажа дека Хрватска не мора да му ја мисли за наследник на Лука Модриќ.

Хрватот Никола Влашиќ е играч на Евертон позајмен во ЦСКА Москва на една година. Поранешниот заменик-капитен на Хајдук одлично ја започна сезоната во руската премиер лига а во Лига на шампиони веќе има два гола и една асистенција.

А има само 20 години.

***

Никола секогаш бил во први редови. На 18 години станал заменик-капитен на Хајдук со кого минатата година се судри со Евертон во квалификациите за Лига Европа. Тогаш толку многу му се допаднал на Роналд Куман што после една недела се спакувал и се вратил во Ливерпул на потпис.

„Нам ни дојде еден од најголемите таленти во Европа. Сигурен сум дека ќе имаме големи успеси“, изјавил Куман за играчот кого Евертон го платил 10 милиони евра и му пратил личен авион за да му докаже колку го чека.

Власиќ можел да оди во сериозен клуб и порано. Во 2016-та му намигнувале Тотенхем и Интер, но татко му, 5-кратен шампион на Југославија во атлетика го убедил дека уште е рано. Сестра на Никола Влашиќ е една од најголемите шампионки на сите времиња во скок во вис.

****

Во Евертон биле воодушевени од брзината и техниката на тогаш 19-годишниот Влашиќ. Но екипата брзо зареди неколку порази и после 9 кола се најде во зоната на испаѓање при што Куман кој имаше 4 порази (три на почетокот) доби отказ.

Сем Алардајс го замени Холанѓанецот и брзо рекол дека не го гледа Никола во составот. Хрватот се трудел да се наметне но безуспешно.

„За полусезона во Премиер лига ослабнав четири килограми. Сменив неколку нешта во исхраната и со напорни тренинзи тоа даде резултат. Никогаш не бев така брз и експлозивен. Но некогаш не оди така како што сакате“, искрено признал Влашиќ дека нема место за него во Евертон.

Алардајс исто доби шут-карта а него го наследи Португалецот Марко Силва но ништо не се сменило, напротив, Влашиќ немал ни промил шанса за првиот состав.

И тогаш не издржал затоа што за млад талентиран играч е најглупаво да седи на клупа за резерви.

„Пред да замине од екипата му кажа на тренерот Силва дека се смета себеси за најдобар везен играч во Евертон. Тренерот беше под голем притисок и го прати Никола на позајмица. Многу навивачи и новинари сметаат дека најголеми проблеми Евертон има во средниот ред и дека Никола му е потребен на тимот. Тренерот си допушти голема грешка“, рекол татко му на Никола.

Управата се обидела да ги доближи ставовите на Влашиќ и тренерот Силва но Хрватот решително барал позајмица: „Не сфаќам зошто ме седи на клупа кога сакам и можам да помогнам на теренот“, рекол младиот фудбалер.

Набрзо на адреса на Евертон стигнала понуда од ЦСКА и навивачите на Евертон биле бесни што тој нема да игра за нив сезонава.

Тренерот на ЦСКА Виктор Гончаренко и Никола Влашиќ

„Имав одлични понуди од Франција, Германија и Италија. Преговарав со неколку клубови од тие земји и лично со тренерите. На крај ја одбрав ЦСКА. Виктор Гончаренко (тренер на “Армејците“) многу сакаше млад играч од мој тип и кажа дека сум му оставил впечаток“, рекол Никола во септември за хрватскиот Novi List.

Синоќа сфативме и зошто толку го барал.

Очекувањата од Влашиќ во Москва се големи затоа што тој дојде како замена за главните играчи во тимот кои заминаа од ЦСКА: Муса, Головин и Вернблум. На довербата од клубот, Хрватот одговори со експресно брз гол против Реал Мадрид (65 секунди од почетокот на мечот). На крај остана резултатот 1-0 и тој со неговиот гол го сруши европскиот шампион.

„Никола беше величествен. И не само на овој натпревар туку и на сите претходни. Тој сфати дека е должен да стане лидер на оваа екипа. Одлично играше не само во напад туку и во одбрана“, рекол Гончаренко по грандиозната победа над Реал Мадрид.

Влашиќ брзо стана миленик на навивачите на ЦСКА Москва. Тој секогаш останува последен до крај пред трибината кога играчите ги поздравуваат навивачите. Така било и во Плзењ и после дербито со Спартак Москва а и синоќа.

“Армејците“ одамна немале фудбалер кои толку многу ги освоил, а тој е скромен иако го има на многу светски спортски насловни страни.

„Најдобар на терен беше Модриќ. После мечот ми кажа дека сме добра екипа. Млада но добра. А јас верував во победа. Како да играм ако не верува? Гончаренко секој ден повторуваше дека можеме да ги победиме“, рекол Влашиќ после дуелот со „Кралевите“ кои играа без Серхио Рамос, Бејл, Марсело и Иско.