Неколку денови пред ждрепката за Лига Европа, најверните навивачи на Хајдук Сплит веруваа дека на Динамо може да му се падне Бенфика, клубот со чија навивачка група имаат многу близок однос.
Дојде и ждрепката и желбата на „торцидашите“ им се оствари. Но очекувано беше она што следуваше денес:
„Со ОДЛУКА на полицијата и ГНК Динамо како организатор на мечот од Лига Европа, на С.Л Бенфика не и се дава согласност за продажба на влезници на хрватски државјани за гостинскиот сектор на стадионот „Максимир“, стои во соопштението од Динамо Загреб а кое се однесува на мечот закажан за 7 март.
„Торцида“ и „Ноу нејм бојс“ веќе 25 години одржуваат големо пријателство кое започна по трагичниот настан од 1994 година кога по враќањето дома од мечот во 1.коло од Лига на шампиони меѓу Хајдук и Бенфика, тројца навивачи на португалскиот клуб загинале (биле познати како Гулит, Тино и Рита).
No Name Boys & Torcida Split Brothers 💪💪👊👊 @torcida_hajduk_split_1950 @nnboys1992 #ultras #nn #hajduk #torcida #ben… pic.twitter.com/uflr5Mp2DQ
— Glorioso SLB App (@GloriosoSLBApp) January 10, 2016
Несреќата се случила откако комбето со кое патувале се истумбало во провалија на Пиринеите.
Припадници на двете групи често се посетуваат на домашни и европски натпревари на Хајдук и Бенфика и редовно „си пружаат помош“. Лисабон бил завиен во црно, а трагедијата ги зближила навивачите. Група Торцидаши после неколку дена отпатувале со комбе до Лисабон за да им оддадат почест на загинатите пријатели.
На првиот натпревар после трагедијата, гостите од Сплит излегле на теренот и положиле цвеќе пред трибината зад голот. Повеќе од 50.000 гледачи ги поздравиле со овации.
Att se denna på Estadio de Luz är mäktigt! No name boys & Torcida Split! #respect #benfica pic.twitter.com/1B9nbTfOgq
— Martin Ladan (@MartinLadan) May 2, 2013