Во новата 2024-та, Хајдук се пофали со 40.000 членови, бројка која богами е за фалење, ако знае дека ја оствариле за само девет дена.
Фудбалскиот клуб стандардно на почетокот на новата година ги пушти во продажба членските карти за своите навивачи, а бројките кои постојано растат, во моментов изгледаат вака:
Собрани се 662.358 евра од 41.260 навивачи, кои купиле членски карти. Со оглед на тоа што во Сплит има 161.312 жители, значи дека за девет дена, околу 25% од градот веќе поседуваат членски.
Инаку чинат 20 евра, за лица до 18 години и над 65 години изнесуваат 10 евра, плус има попусти и за семејни пакети. Членска од Хајдук може да се извади дури и за новороденче.
Со нив навивачите имаат повеќе поволности, како на пример прв да дојдеш до карта за натпревар и до ексклузивни производи, потоа за попусти на купување годишна влезница, во фан и веб шоповите, фотографирање на стадионот Пољуд по повод венчање, па дури и учество на избори за бирање на членови на Надзорен одбор.
Истовремено така помагаат и за подобрување на финансиската состојба на клубот.
Фудбалската треска во Сплит веројатно сега е уште поголема од лани, бидејќи Хајдук е есенски првак и целта им е да го симнат од тронот Динамо Загреб.
Но оваа љубовна фудбалска врска беше многу силна и минатата година, а тоа го потврдуваат бројките. Дури 84.149 навивачи купија членски карти, а тоа за клубот беше финанска инјекција од 1,3 милиони евра.
Скопјани кои навивате пасивно за Вардар погледнете како се сака Хајдук