Незапаметен спектакл на Торцида Сплит

Најстарата навивачка група на Балканот и една од најстарите во Европа, сплитска Торцида деновиве одбележува јубилеј 70 години од своето основање. Синоќа на полноќ направија чудесија од пиротехника - цел град гореше.

Торцида е основана во 1950-та година од група студенти во Загреб кои решиле да формираат навивачка група откако биле на финале на Светското првенство во Бразил и таму се вљубиле во стадионската атмосфера.

 

Фото: Анте Чизмиќ, Никола Вилиќ / Cropix

28 октомври 2020 - 08:21