После повеќе од 3 години, Хајдук го совлада Динамо Загреб

Со голот на Либанецот Басел Жради, сплитските „били“ го победија неприкосновениот шампион и славеа прв триумф над Динамо после повеќе од три години (5 порази и 1 реми). Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми играше до 52' минута кога Хајровиќ влезе место него, а Адеми поради протести на клупата за резерви во 76' минута доби црвен картон. Претходно исклучени од игра беа стрелецот на голот Жради и Дилавер кај Динамо.

 

1 септември 2019 - 08:58