Гостинската гарнитура и третата варијанта дресови, италијанскиот бренд Макрон ги дизајнирал во чест на 107 годишнината од основањето на Хајдук Сплит.
„Откако клубот беше основан во 1911 година, играчите ги играа првите натпревари. Во 1912 гогидна, првите стативи беа поставени на Стари плац, а головите беа обоени во црвена и бела боја во знак на пријателство со чешка Славија Прага. Играчите носеле пурпурни дресови и бели шорцеви. Дресовите имале и боја на лаванда, еден од најпрепознатливите Медитерански симболи. Во тоа време, првиот голман на екипата бил легендарниот Лука Калитерна, а дебитирал Никола Газдиќ, првиот играч во историјата на Хајдук кој стигна до бројката од 100 гола“, пишува на сајтот на сплитските били.
Гостинската варијанта за сезоната 2019/2020 беше инспирирана од дресот кој Хајдук го носел во 1971 година, година со голема важност во историјата на клубот. Алтернативните бои на клубот тогаш беа црвена и сина со риги.