Нападот е најдобра одбрана

Инженер по електроника од Орегон на надлежните органи им пишал дека открил грешка во системот кој ги регулира семафорите во државата. Овие го репнале со 500 долари казна. Тој нив ќе им се правел инженер.

Матс Јалстром му пишал меил на државниот борд за електроника дека жолтите светла на семафорите не траат доволно долго и претставуваат ризик за јавната безбедност. Тоа го открил по една казна што за минување на црвено ја добила неговата сопруга па решил да се задлабочи во материјата.

Открил дека прописите кои го регулираат режимот на семафорите се потпира на прастара студија од 1959 година. Таа е премногу симплицистичка за модерниот сообраќај и во неа биле калкуирани само правите движења на семафорите а не и скршнувањата. За последниве да бидат безбедни, човек мора да забави и затоа му треба подолго жолто светло како не би направил прекршок.

Ги пратил тој своите наоди многу ентузијастички но наместо да му закажат средба за да поразговараат на темата, добил опомена. Суетните сообраќајни власти провериле дека во нивната држава тој не е регистриран како инженер а според законот, забрането е некој да се занимава со инженерски теми ако за тоа нема потребна државна лиценца.

Нешто подоцна навистина му стигнала казна од 500 долари по оваа основа.

Сега тој ги тужи контра, повикувајќи се на уставното право секој да може да се занимава со што сака во својот живот.

Во меѓувреме Јалстром успеал да се сретне со единствениот жив автор на студијата од 1959 година и овој го охрабрил да продолжи со анализите бидејќи е на добар пат да го поправи анахрониот режим кој сè уште е на сила ширум светот. 

 

26 април 2017 - 13:58