Штулиќ и издавачката куќа договориле откуп на 1,000 комплети по 14 книги и два носачи на звук од последните концерти на Азра во Мостар и Сараево. Но после продажбата на таа количина, „Плато" наводно продолжил да печати, и книги и Цд-иња, тврди адвокатот на Џони Стеван Д. Јанковиќ.
Бранислав Гојковиќ од Плато изјавува пак дека до сега немаат вратено ни половина од вложените пари, и дека продале само 600 комплети. „Зошто некој би влегувал во деловна зделка од 1,000 комплети, ако со 60% од продаденото не може да извлече ни 50% од вложеното?", фино ја поставува економската логика портпаролот на Штулиќ, Зоран Живковиќ, кој тврди дека Бранимир „по цена на хартијата и мастилото на Србија ѝ подарил 14 книги и 20 години работа".
Џони пак раскажува дека Гојковиќ често му се јавувал и го заморувал со бесмислици, „како волкот Црвенкапа", велејќи дека сака само гласот да му го чуе, а всушност сладејќи се на мислата дека секирата му паднала во мед, и дека дошол до неговиот имот кој може да го распродава до крајот животот. Штулиќ исто така бил и против тродневната книжевна промоција, која во живо ја пренесуваа дури и телевизиите. „За такво нешто немаше потреба, бидејќи се работи за мојата популарност, која е 20 години постара од онаа на Плато", додава тој.
Ние сме пак сигурни само околу продажбата на овој, еден комплет.