Според информациите на The Sun според договорот со NB потпишан во 2012-та, Белгиецот со мароканско потекло заработувал 600.000 фунти годишно.
Во официјалниот исказ даден на Врховниот суд во Лондон Белгиецот кажал дека специјалистот на Манчестер Јунајтед за опремата постојано морал да ги шири копачките и да ги истегнува пред секој меч. Претставниците на фудбалерот изјавиле дека поради копачките New Balance играчот престанал да чувствува задоволство од играта. Белгиецот бара 2,1 милион фунти поради тоа што тој наводно утврдил дека поради несоодветните копачки не можел да прикаже најдобра игра а дека и тие му испровоцирале повреда на стопалото поради која паузираше подолго време.
Правниците на брендот New Balance пак тврдат дека Фелаини ги фалел копачките произведени од гигантот и барал дополнителни 12 пара за натпревари и тренинзи.
Секторот за односи со јавност на New Balance во официјално соопштение кое го цитираше ESNP изјавија „Иако не сме должни да го коментираме случајот којшто е во стадиум на разгледување, New Balance може да го потврди ставот на нашата правна служба, со цел да се заштити себе и својата репутација и углед, стекнати благодарение на првокласна продукција која што задоволува барања на спортистите ширум светот.“
New Balance му се заблагодарил на Маруан за долгогодишната соработка. Фелаини сега се откажал од копачките на New Balance во полза на Nike чиишто копачки ги носи кога игра и за клуб и за репрезентација.