На интернет веќе се шири кампања за донации кои би му помогнале на прочуениот американско-шпански готвач да ја плати отштетата која од него ја бара претседателскиот кандидат Доналд Трамп. Потегот со донациите е повеќе симболичен бидејќи досега биле собрани 10-тина илјади долари а Трамп од Андрес бара 10 милиони долари затоа што се повлекол од договорот да отвори ресторан во еден нов хотел на милијардерот во Вашингтон.
Андрес најави дека не планира да работи под тој кров уште кога Трамп во најавата на својата кандидатура ги испонавреди Мексиканците велејќи дека се тие луѓе кои во Америка носат криминал, дрога и силувања.
Половина од моите вработени се Хиспаноси, таква ми е и клиентелата а и самиот сум горд на моето потекло и длабоко верувам дека секое човечко битие има право да биде подеднакво почитувано, изјави 46 годишниот Андрес, инаку добар пријател со Ентони Бордејн и легендата Феран Адриа.
Како врвен пример за успешна американска приказна и доказ зошто на дојденците треба да им се даде шанса Барак Обама лани го наведе токму биографскиот случај на Андрес.