Уште во 2012 година на полицијата од Лос Ангелес ѝ беше јасно дека не смее самоволно да строведува полициски час и сите луѓе кои во опасните делови на градиот се шетаат после 10 часот навечер да ги апси како потенцијални членови на банди.
Тоа им било јасно наредено на теренските полицајци откако департментот беше тужен за противуставно постапување, ама, пуста навика.
Полициското инаетење лани доведе до одлука на федерален суд да им се даде финансики отштета на сите што покренале тужба против градот по оваа основа, околу 6.000 лица.
Во тотал - 30 милиони долари, за кои било договорено да не им се даваат директно на тужителите туку да се распоредат во фондови и курсеви за стручна дообука и едукација.
"За сето ова полицијата си е сама виновна. Тие го запираат секое црно дете кое се шета во економски запуштените делови од градот. Штом црно дете наполни 13 години, тие веќе почнуваат да го гледаат како проблем," рече адвокатот на оштетените.
И после, немало фајде од полицијата.