Таг: американска полиција

Американски полицаец не пукаше во црнец

Во интервенција во метрото под Менхетен полицаец црнец решава да не прибегне кон стандардното празнење пиштол во црнец па прашување што / како / зошто. Во редок пример на дупла среќа за осомничениот, на лице место е присутен и белец полицаец кој исто така не посегнува по пиштолот. Ок, ќотек има, ама и тоа е взаемно.

Бандите на Л.А. ќе добијат грантови од 30 милиони долари

Илјадници луѓе вовлечени во животот на маалските банди ќе добијат пари од градот за вработување и образование. Благодарејќи на бахатоста на полицијата.

Сите тужби против њујоршката полиција

Во јули полицијата се обиде да го приведе Ерик Гарнер. Обидувајќи се, еден од полицајците го задави Гарнер кој почина на лице место. Од целиот настан има видео. И покрај ова полицаецот што го уби 44-годишниот црнец нема да биде суден по оваа основа. Само во 2014-та до Њујоршката полиција има 87 жалби за давење.

Кој и колку убива црнци во Америка?

Во изминатите три децении, црн тинејџер имал 21 пати повеќе шанси да загина од полицаец отколку негов бледолики врсник. А последниве години ситуацијата е драстично влошена. 14 од 15.