Судскиот вештак го потврди она што милиони луѓе го видоа на клипот, дека причина за смртта на Гарнер е давењето (потег инаку забранет од њујоршката полиција), иако во тоа делумно придонеле и кардиоваскуларните проблеми, асмата и дебелината на жртвата.
Бордот на ревизија на цивилни жалби (на њујоршката полиција), поплаките ги дели на две категории: "користење сила" во која влегува секој вид на непотребен и непредизвикан ќотек и "злоупотреба на власт" која ги опфаќа сите недозволени претресувања на возила и запленување имот.
До сега по основа на користење сила, поднесени се:
- 140 жалби за вперување пиштол во луѓе
- 87 жалби за давење
- 73 жалби за користење на рачните сијалици како палка
- 68 жалби за користење солзавец
- 50-на жалби за удирање од неподвижен предмет
По основа на злоупотреба на власт, поденсени се:
- 372 жалби за непотребно запирање луѓе
- 366 жалби за упаѓање и пребарување објекти или згради
- 366 жалби за случајни претреси
Проверката на последиците од овие тужби покажува дека речиси ниту еден од полицијаците обвинет за вперување или истрелување куршум не бил прогласен за виновен, додека најголем број на казни им биле изречени на полицајците кои несоодветно го користеле својот автомобил (27%).
Давењата, како случајот на Гарнер, наводно се тешки за докажување, па од 87 случаи само еден бил прифатен за дополнителна дисциплинска постапка.