Црно на бело

Кој и колку убива црнци во Америка?

Во изминатите три децении, црн тинејџер имал 21 пати повеќе шанси да загина од полицаец отколку негов бледолики врсник. А последниве години ситуацијата е драстично влошена. 14 од 15.

Шансите од полициски куршум да страда црн тинејџер е дури 21 пати поголема отколку во случај на бел тинејџер, покажуваат бројките на ФБИ кои ги анализирала ProPublica.

Во периодот од 2010-та до 2012-та, полицијата учествувала во 1,217 случаи на пукање со смртни последици. Меѓу момчињата од 15 до 19 години, гинеле 31,17 црнци на милион луѓ,е додека размерот меѓу белците изнесува само 1,47. Доколку двете групи би имале ист ризик, неделно би гинеле дури 185 бели момчиња. 

Ваквите податоци ги поткретуваат повеќе децениските страхувања меѓу црнечката популација дека во САД црнец многу полесно гине од полиција.

Од 1980-та до 2012-та, американската полиција има убиено 41 дете помладо од 14 години. Дури 27 биле црни, осуммина бели, четворица Хиспаноси и еден Азијат.

Кој ги убива црните момчиња и деца?

Главно, бели полицајци. Но, во стотина случаи тоа го правеле и црномурести заштитници на законот., Тие се одговорни за нешто повеќе од 10 проценти од сите фатални престрелки во кои учествувала полицијата но, кога убивале, во 78 проценти од случаите убиле црно момче. Според податоците на ФБИ, во 151 случај малолетник бил убиен кога бегал од некое место. 

2 декември 2014 - 12:42