таг: битлси

„Бомба“ за Битлси: снимки од пред 50 години кои фрлаат нова светлина врз распаѓањето на бендот

Марк Левисон, англиски автор и историчар се смета за светски авторитет кога станува збор за Битлси. Снимките до кои дошол за нивните последни состаноци кажуваат поинаква приказна од онаа која до сега ја знаевме - дека едвај чекале да се растурат, и дека главен виновник за тоа бил Џон. Повеќе

Бендот за кој сите мислеа дека е „Битлси“

Веста за распаѓањето на Битлси го погодила светот како ниту една друга слична вест до тогаш (а можеби и засекогаш). Така, некако е логично дека кога во 1976 се појавил еден мистериозен албум, фановите сакале да веруваат дека тој е на нивниот омилен бенд. Повеќе

Вегански спинови
Кој бил „Магичниот Алекс“ - откачениот изумител кој работел за Битлси?

Деновиве во Екатимерини наидовме на сосема краток некролог-информација дека во Атина на 74 години умрел извесен Алексис Мардас, опишан како „еден од најнеобичните ликови“ кои орбитирале околу Битлси. Откачен Грк кој му бил инспирација на Ленон? Ова моравме да го провериме. Повеќе

Дали побрзо старееш ако слушаш песни за стареење?

Текстов беше непосреден повод да провериме како стојат работите во нашиот плеер. Резултат: во него има три преработки на песна со наслов „Кога бев млад", и исто толку од „За добрите стари времињa“. Вака-така, пак добро изгледаме ко за менталните години. Повеќе

Кога полн КОП пее од Битлси

Ако денес мака мачат со безумните цени на картите, навивачите на Ливерпул во минатото грмеле песни од Битлси на преполниот Енфилд. Повеќе

Од кого сè краделе Битлси?

Не дека локално многу ни менува, ама една од главните светски вести денес беше пуштањето на речиси целата дискографија на Битлси на стриминг сервисите како Спотифај, Епл мјузик, Тајдал и др. Како што се актуелизираа Битлси, така се актуелизира и прашањето од кого тие всушност краделе музика, креативно покривајќи ги трагите. Повеќе

Журка на гостинска трибина

Навивачите на шкотскиот Мадервил важат за едни од најлибералните во Британија. Го бодрат клубот насекаде, а најголема журка приредија на Иброкс парк против Глазгов Ренџерс каде ја пееа преработката на Twist and Shout од Битлси. Повеќе

50 години од „Вчера“
Пол или Џон?

На 13 септември се наврши половина век од издавањето на синглoт Yesterday на Битлси. Тоа беше прва соло снимка на Макартни, и воедно прва песна на групата напишана само од еден Битлс - знак дека тој и Ленон почнуваат да се движат во различни насоки. Дали сте повеќе за Џон или за Пол сè уште се смета за избор кој кажува нешто не само за вашиот музички избор, туку и за вашиот светоглед. Повеќе