Седум години го усовршувал со Баба Алаудин Кан, основач на посебен стил на хиндустанска класична музика. Пресвртот се случил во 1966., кога Џорџ Харисон, кој на времето го нарече Шанкар „кум на светската музика", почнал да доаѓа на часови кај него. Токму Битлси помогнаа во популаризација на звукот на ситарот, и на самиот Шанкар, кој додуша не се чувствувал добро на хипи сцената - најголемиот шок го доживеал кога го видел Хендрикс како на настап пали гитара. „Тоа ми беше премногу. Во нашата култура ние ги почитуваме инструментите како да се дел од Бога", изјавил Шанкар.
Свирел на Вудсток, соработувал со виолинистот Јехуди Менухин и со џез саксофонистот Џон Колтрејн. Пишувал и филмска музика, за „Ганди“ на Ричард Атемборо од 1982., и со Филип Гас за „Премини" во 1990. Сепак најдобро се чувствувал кога пишувал концерти за ситар или кога давал часови на оние кои кон инструментот го имале истиот однос како и тој: „Оваа музика е комбинација на шанта и каруна, спокојство и тага. Оваа тага е како кога посегнувате по нешто, но не го наоѓате, без оглед дали е тоа љубов, или Господ".
Шанкар е татко на Нора Џонс, со чија мајка се разделиле кога Нора имала седум години. Неговата втора ќерка, Анушка Шанкар, добитничка на Греми, исто така свири на ситар.