Грлом у Ковид

„Соништа“ - документарец за моќта на волјата во време на неволја

На 30 јануари 1969, во тешка година за бендот, Битлси ненајавено изведуваат концерт на покрив во Лондон.
На 30 мај 2020, во година обележана со пандемијата, неколкумина пријатели со фамилиите и комшиите се собираат на свирка на сличен покрив во Ниш. Целиот потфат останува забележан на камера.

„Памтам дека секој зимски распуст на зимската програма ги гледавме Let it Be и Hard day's night. Поради нив ја засакавме музиката, а подоцна и музиката нè засака нас".

Вака почнува нов 40-минутен филм, документарно-игран колаж, кој зборува за остварувањето на соништата, „со помош на семејството, добрите луѓе и вистинските пријатели“. Во носталгична, банебумбаровска атмосфера, тој најпрвин ни ги претставува браќата Дејан и Бошко Бошковиќ и нивното растење со заедничката страст, музиката. Во 2014 тие се разделуваат - Бошко се сели за Норвешка, а Дејан останува во Ниш да биде „чувар на нивните спомени“.

„Кат“ до март 2020, и вестите на српската телевизија. Регистрирани се 41 случај на заразени со коронавирус. Не се исклучува можност за воведување вонредна состојба. Од Италија, каде е прогласен целосен карантин, пристигнуваат вознемирувачки вести за голем број починати. Но Италијанците не се предаваат, пејат и свират на своите прозорци и тераси, за така заеднички полесно да ја пребродат кризата.

Дејан наскоро треба да наполни 50 години. Претходната се одбележани исто толку од последниот концерт на Битлси на покривот на Севил Роу. И личната, и колективната ситуација како да го активираат алармот, дека е време плановите кои се одложувале „за некогаш“ конечно да се остварат. Меѓу нив и оној за заедничка свирка со пријателите на покривот, како пркос и на годините, и на пандемијата.

Филмот „Соништа“ е сепак многу повеќе отколку приказна за организирање еден концерт, што дури и самото по себе не е толку едноставно колку што изгледа. Тоа е комбинација на мотивационо видео, прирачник за самопомош и потсетник, на нештата што се важни, а на кои ни текнува само во несигурни времиња. Покривот на Дејан е претесен за сите луѓе, духови и приказни кои на него се собираат тој мајски ден. Но на некој магичен начин од таа тераса се простира поглед на целиот свет, а тој, ете барем во тие минути, делува некако поубав и поразнобоен отколку обично. Додека повеќето од нас чекаат некој друг да го стори тоа, Дејан знаел - the movement you need is on your shoulder.

Целиот филм тука:

 

9 февруари 2021 - 09:49