Можеби е заради неговиот трагичен крај, политичката ангажираност, или фактот што неговите песни легнуваат на некои актуелни прашања (на пример All You Need is Love во светлината на дебатата за геј браковите). Можеби е до тоа што Tomorrow Never Knows беше употребена во Mad Men. Како и да е, Ленон победи со 30% гласови.
Иако се очекуваше дека Пол ќе биде втор, со оглед на тоа што е се уште активен и медиумски присутен, многумина го критикуваа заради инсистирањето на вечната младост, честото влечкање по таблоидите и агресивното бизнис однесување. Така, тој заврши трет, а Џорџ Харисон, кој почина пред една деценија но неодамна повторно стана актуелен преку документарецот на Скорсезе, доби 28%, и почесно второ место.
Сета оваа статистика и не е толку важна колку објаснувањата на читателите зошто бираат одреден Битлс за нивен фаворит. Финалист во натпреварот за најдобар одговор бил „Син ми го пробува оделото за матурска, и изгледа истовремено стегнато, бушаво и засрамено, исто како и Џорџ". Но победил следниов коментар: „Сер Пол, заради тоа што изедов премногу пржени јајца оваа недела". За оние кои не се по битлскиот, „Scrambled Eggs" бил привремен наслов на "Yesterday", славната песна на Макартни, пред тој да ги смисли стиховите. Тоа им била честа методологија на Џон и Пол, и штета е што не се сочувани повеќе вакви монтипајтоновски верзии на нивните хитови.
Еве ја тука - „Пржени јајца" и две од Џорџ, затоа што на крај краишта тоа беше и главната причина зошто воопшто почнавме да ја пишуваме статијава. За на крај да си ги ставиме песните што деновиве ни идат на рипит.