Таг: Њујоркер

После #МеТоо нема каење

Сенаторот на демократите и поранешен комичар, Ал Франкен, поднесе оставка на својата функција во 2017 во времето кога МеТоо движењето беше во врвот на својата сила. Малку повеќе трпение, истрага и анализа (каква што заслужува секое сериозно обвинение) покажа дека сето тоа било избрзано.

Њујоркер ја повлече поканата Стив Бенон да настапи на „Фестивалот на идеи“

„Од каде Малком Гладвел трендинг на Твитер? Мора нешто гадно да заебал.“ Вака ни течеа мислите додека пребарувавме што се случило. А сè што направил било - ја поддржал идејата Бенон да настапи на фестивал, кој е замислен како полигон за дискутирање идеи.

МиТу се бетер лицемери од ЈуТу

На Боно, со лично богатство од 560 милиони долари, полна му е устата со гладните од светот (и плус со приватен авион доаѓа по еко-конференции да мудрува за загаденоста на атмосферата). Ама тоа не е ништо во однос на ударната тупаницата на движењето #MeToo, кој не се приземји, туку тресна на земја за само три часа. 

Како еден расказ oбјавен во Њујоркер го разбранува интернет

„Љубител на мачки“ е дебитантски краток расказ на Кристен Рупениан, објавен во Њујоркер од 11 декември. Тој предизвика бурни реакции поврзани со модерните врски и дефинирањето на „согласноста“. Но покажа и дека луѓето (веќе) тешко прават разлика помеѓу документарното и фиктивното.

50-те шољи кафе на Балзак

Неодамна Њујоркер го емитуваше првиот од серија филмови кои ќе бидат прикажувани на Амазон, посветен на еден славен француски писател и неговата опседнатост со кофеинот. Кога течното не му вршело работа, тој кафето го џвакал.

Од профилот на Њујоркер за Варуфакис

Текстот кој треба да се појави во печатеното издание на магазинот од 3-ти август, почнува со: Како еден радикален министер за финансии тргна во битка со Европа - и ја загуби.

Расказ на Том Хенкс објавен во „Њујоркер“

Том Хенкс глуми, режира, продуцира, но сега и официјално се вклучува во еснафот на прозни пишувачи - негов расказ е објавен во најновиот број на престижно списание, каде би сакале да се најдат голем број негови филмско-книжевни колеги.

Нова книга од цртачот на Њујоркер

Една од работите заради која Њујоркер е препознатлив и читан се неговите стрипчиња. Боб Манкоф, вчера (25.3) издаде книга за неговото искуство како цртач и уредник на оваа рубрика.

Славни слики како карикатури

Хумористичниот сајт The Dartmouth објави меш-ап од славни уметнички дела, и легенди од карикатури на Њујоркер. Резултатот - цепки.

„Еве го сонцето“ пред „Пржени јајца"

Последното прашање кое Њујоркер им го постави на своите Твитер следбеници во рубриката Questioningly е „Кој е вашиот омилен Битлс?". Иако се очекуваше дека Џон Ленон ќе биде прв, она што изненадува е дека веднаш по него, и тоа за само 2% помалку гласови, не е Пол, туку - Џорџ.

Најомразениот збор во англискиот e...

Минатата недела Њујоркер ги повика своите читатели преку Твитер да ги наведат зборовите од кои радо би се отарасиле. Победникот (или повеќе, губитникот) е еден навидум сосема невин и прост збор - slacks, или вид широки пантолани.

Пулицер за белетристика оди кај...

Откако Одборот за доделување на Пулицеровата за 2012 не успеа да се договори околу наградата за белетристика, по светските медиуми почнаа да фрчат остри коментари на негова сметка, особено земајќи предвид дека од страна на жирито задолжено за оваа категорија биле предложени стварно добри книги.

Кога не знаеш каде, да ставиш запирка

Букбокс нема, или барем мисли дека нема проблем со запирките. Напротив, тие - заедно со цртичките - ни се омилените интерпункциски знаци, кои ни овозможуваат да земеме воздух, да застанеме, да помислиме. Ама има луѓе кои изгледа поинаку дишат од нас. Истото го забележале и во Њујорк Тајмс, и во Њујоркер. Та не сме саде ние...

Александар во вселената

Расказ од перото на американскиот хуморист Џек Ханди, за нашиот Аце, објавен во Њујоркер. Што се случува кога ќе освоиш сè, и веќе нема што да правиш? Си траеш и чекаш, дур на светот не му стане потребно уште едно добро освојување.