Цели седум дена никој не смее да употреби овој збор на веб страницата на Њујоркер, а иако тој нема да биде формално забранет во печатеното издание, Бен Гринман, организаторот на изборот, изјави дека член од редакцијата обредно ќе го напише зборот на парче хартија, ќе го згужва и ќе го фрли во ѓубре.
По наше, малку е чудно што овој збор ги претрка политички набиените или концептуално посложените Obama, fecund, irregardless или actually. Колегите новинари од други медиуми побрзаа да ги наведат како непотребни spectre, vender и името на самиот натпревар - Questioningly, „њујоркеризми", кои често се појавуваат во текстовите. Голем број гласови доби и зборот moist (влажност) кој и претходно предизвика големо внимание, преку Фејсбук групата од 3,000 членови наречена „Го мразам зборот влага".
Сепак, на крајот, пантоланиве победиле, но тоа и не е без политичка позадина. Последниот пат кога се појавил, дури 87-ми пат во текот на годината според пребарување на базата на податоци на Њујоркер, овој збор се однесувал на мајката на Калиста Гингрич, републиканска политичарка, која била опишана од еден сосед како „веројатно последната жена која носи 'слекс' во јавност во нашиот град".
Англискиот е толку богат што дури и да избришеш некој збор ќе ти останат доволно да се изразиш, па макар биле и синонимни. Иди избриши од македонскиот некој да те видам. На пример (aко ја следиме модната агенда на Њујоркер) исфрли го 'ѕиври'. Нели одма некако фали?