- (на вечерта пред референдумот) Варуфакис, кој е 54 години, имаше умствен мир налик некој што е сигурен во изборните резултатите и веќе ужива во задоволството кое следува. Неговата влада, левичарската Сириза ќе загуби. Луѓето ќе гласаат "да" на референдумот...
... Ова значи дека повеќе нема да мора да ги собира оскудните залихи дискреција за да го сокрие фактот дека тој и Ципрас, во изминатите седмици изгубија значителен дел од меѓусебната доверба.
- на 30-ти јуни, Грција пропушти да плати рата на ММФ, приклучувајќи се на групата составена од Сомалија, Судан и Зимбабве. Три дена подоцна, Клаус Реглинг, првиот човек на Европскиот механизам за стабилност, кој го управува грчкиот долг кон ЕУ, му напиша меил на Варуфакис за да го потсети дека заради пропуштената рата кон ММФ, неговата организација има право да побара итно враќање на парите на ЕУ. "Јас лично должев 142,6 милијарди евра. Моето име беше на договорот," објаснува Варуфакис за Њујоркер.
- Варуфакис му се јавува на Еуклид Цакалотос (инаку сегашен министер за финансии) ословувајќи го како "комарад" и потоа шпекулирајќи дека во случај да го изгубат референдумот - "Мудрецот од Максимос (резиденцијата на Премиерот) убаво се има сместено на позициите на власт, и тие не би сакале да ја напуштат," притоа претпоставувајќи дека и во случај на пораз Ципрас нема да си даде оставка, туку ќе има "стратешко преструктуирање" па дури потоа избори.
- Откако е избран за министер тој постојано бара помалку штетен договор со кредиторите, по што, по меѓусебен договор, тој и Ципрас на еден ден ќе носат вратоврски.
- На кратката средба што Варуфакис ја има со Обама во Белата куќа по повод Денот на грчката независност, тој му рекол на американскиот претседател: "И вие наследивте неред кога дојдовте на власт, ама барем вие ја имавте вашата централна банка зад вас. Ние наследивме неред и ние имаме централна банка, Европската Централна банка, која се обидува да не' задави."
На ова Обама му одговара да не потценува колку нему му било тешко и дека спасувањето на Вол Стрит е "спротивно на мојата политика" и е "политички отров". Тој го поттикнува Варуфакис "да ги проголта горчливите моменти."
- Во разговорот со Иан Паркер, Варуфакис вели: "Стекнав две работи што ги мразам - фанови и непријатели."
- Во однос на ЕУ, конкретно Германија, Варуфакис објаснува дека Меркел и Шојбле немаат исти став кон Грција, "тој сака да не' избрка од Еврозоната, таа сака да не' задржи."