Њујоркер сепак беше најциничен. Тој објави замислена преписка помеѓу различните алки во синџирот за одлучување околу оваа награда, која ништо чудно и да не е само сатирична. Да видиме каде настанал курцшлусот.
До: Одбор за Пулицер
Од: Жири за белетристика
Предмет: Финалисти за 2012
Драг Одбор за Пулицеровата награда,
Ова беше одлична година за белетристиката. Откако внимателно прочитавме стотици романи, имаме чест да Ви ги претставиме кандидатите за наградата за 2012: "Бледиот крал" на Дејвид Фостер Валас, „Мочуриштанија“ од Карен Расел и „Соништа од возот“ од Денис Џонсон. Ова беше тежок и напорен процес, а иста таква веројатно ќе биде и Вашата одлука. Но нема друга група читатели кои се поквалификувани за оваа работа.
Со најдобри желби,
Жирито за Пулицер
До: Одбор за Пулицер
Од: Шеф на Одбор
Предмет:
Одличен состанок имавме денес, дечки. Немојте да заборавите да ги прочитате кандидатите за белетристика. Гласањето е за три недели, на 5-ти. Забележете си во календарите. Разбравте сите?
До: Одбор за Пулицер
Од: Член број 2 на Одборот
Ре:
Ај, ај, кепт'н!
(три недели подоцна)
До: Одбор за Пулицер
Од: Шеф на Одборот
Предмет: Белетристика!
Како напредуваме во категоријата белетристика?
До: Шеф на Одборот
Од: Член на Одборот број 3
Предмет: ре: ре: ре: Белетристика!
Јо, пази ова. На третата минута, мачката ФРИКНУВА.
До: Член на Одборот број 3
Од: Член на Одборот број 2
Предмет: ре: ре: ре: ре: Белетристика!
Дечки. Сакаш да видиш мачка што стварно фрикнува? Пази го ова срање. Долго е ама вреди.
До: Член на Одборот број 2
Од: Член на Одборот број 3
Предмет: ре: ре: ре: ре: ре: Белетристика!
OMG OMG LMFAO! Стварно полуде, бе!
(по една недела)
До: Одбор за Пулицер
Од: Член на Одборот број 7
Предмет: ре: ре: ре: ре: ре: ре: ре: Белетристика!
Еј дечки, не заборавајте да се пријавите за одбојка против Харперс Базар. Девојките се јаки. Ни треба секој од вас!
СМС од Шефот на Одборот до Членот на Одборот број 5
извиџи зе гречки. возрам. ја имеш Мочариштанија? ја изгубив мјта @knicks!!
Одговор од Членот број 5 до Шефот на Одборот.
ха. скоро сгурен дека поминав покрај тебе. скоро ВО тебе! извини ама и ја ја изгубив мојата.
Г-чет од Член на Одборот број 5 до број 6
Одам на ручек со знаеш-кого. Сака да зборува за „моите чувства во врска со белетристичката категорија".
Уф! Типот стално ме тера да правиме „да пукне" во јавност.
Леле знам! И мене!! Кажи му дека имаме нешто и тогаш..
Ќе одиме во Eпл стор? Супер идеја
(минува уште една недела)
Твит од Член 7:
читам #hungergames дур чекам цел ден во ред за полноќниот сник привју - донесов маслинки..уатс ап!
(по една недела)
До: Одбор за Пулицер
Од: Шефот
Предмет: ре: ре: ре: ре: ре: ре: ре: ре: Белетристика!
Шо има Пулицеровци! Не заборавајте на големиот настан: премиера на Мед Мен/костимирана забава/блицкриг/све, домаќин @JosephPulitzer
ПС. кај и да е би требало да одлучиме за тоа белетристиката
Твит од Член 5
и Пулицер оди кај..костимот на претседателот на одборот на Дон Дрејпер околу 1976., супер исфлекан, разлабавена кравата. одлично изиграно, сер.
Член број 5 во кревет со Шефот на Одборот:
Член број 5: Ова беше прекрасно.
Шефот: Ти беше прекрасна.
Член број 5: Да можев ќе ти дадев Пулицер што ме раскости.
Шефот: Сакаш да ти кажам една тајна? Никогаш не научив да читам подобро од дете од четврто.
Член број 5: Те сакам.