Сценаристката и авторка (и сопруга на режисерот на филмот, Ричард Кертис), Ема Фројд, во живо твиташе гледајќи го филмот со семејството и откри многу детали што претходно не ѝ беа непознати на јавноста.
Едно од тие откритија се однесуваше на ликовите Карен и Хари, што фантастично ги одиграа Ема Томпсон и Алан Рикман.
Во филмот, публиката може да види дека Хари, кој има две деца со Карен, флертува со секретарката до еден момент кога ѝ купува златно ланче за Божиќ. Карен случајно го наоѓа и мисли дека е за нејзе, за на крај да ја открие срцепарателната вистина кога ќе ѝ подари ЦД од Џони Мичел. Ова води до една од најтешките сцени во филмот: кога стои во спалната слушајќи го ЦД-то, плаче и се прашува што да прави. Еднаш и пишувавме за оваа сцена и начинот на кој Ема Томпсон се спремила за неа.
Кога се соочува со него, тој признава и ѝ кажува дека „бил будала“, но публиката нема јасна слика за тоа како ќе завршат.
Е, за време на твитањето во живо, еден фан токму ова прашање го поставува. Одговорот на Фројд е:
„Остануваат заедно, но домот веќе не е среќен како порано.“
Што донекаде звучи и понесреќно отколку да се разделеа.
Светот е толку напатен од оваа конкретна приказна, што не се спомнува ова само еднаш во макар и виртуелно присуство на Ема Фројд. Во филмот не ја гледаме аферата, туку само „швалерката“ како станува од растурен кревет и си го става ланчето. Ова остави еден куп надежни и наивни фанови дека „само ѝ го дал ланчето“ ама „ништо не се десило“. Фројд за ова има непријатни вести.
„Го премолив Ричард да биде само флерт, ама не. Комплетна афера.“
Ете така, среќни празници.