Од режисерот Роберт Егерс (човекот зад бизарните Светилник и Вештерката) ќе добиеме филм со наслов The Northman и ќе глуми Бјорк, како - хм хм - The Slav Witch.
Трејлерот ја покажува нејзе во украс за глава со пердуви, како шепоти поговорки меѓу напнати битки, ритуали со оган и бурни мориња. Друштво ѝ е Никол Кидман (во уште една прејака перика), Вилијам Дефо, Ана Тејлор-Џој и Итан Хок. Александар Скарсгард е главна улога - викиншки принц со име Амлет, и има мисија да ја одмазди смртта на татко му и да ја спаси мајка му и кралството.
Накратко, печатот е „мора да се гледа“.
Премиерата ќе биде на 8 април 2022, дејствието е во Исланд, а времето е 10-ти век. Сценариото е на Егерс и исландскиот автор Сјон, кој инаку беше кај нас есенва, на книжевниот фестивал Букстар што се одржа во МКЦ.
Режисерот вели дека овој филм му е најамбициозна продукција до сега и дека и покрај паузата на снимањето, продолжиле да работат на реквизити, костими и други важни работи во летото 2020.
„Има мала екипа што продолжува да работи,“ изјави тогаш Егерс за Индепендент. „Се прави оружје за ликовите, протези, јас работам на приказната. Менаџерот за локации постојано ги проверува, на некои се веќе изградени и сетови. Огромен проект е и имаме уште работи што никако не би можел сам да ги завршам. Тоа е предизвикот со новиот филм.“
Ветува визуелно фасцинантна сценографија и детални костими што ќе нè пренесат во бледиот и студен ран Среден век.
Трејлер: