„Како перформанс на Марина Абрамовиќ за новава ера гладна за крв и месо“, ќе каже Даглас Гринвуд за магазинот, „и овие вежби и сценарија се одмотуваат пред позадина од зарѓани бродови и распаднати ентериери од кои се лупат бои.“
Во светот на овој филм, болката и провокацијата се навидум празни. Општеството е отапено за речиси сè; нешта што некогаш би предизвикале непријатност, сега како да предизвикуваат сексуална екстаза.
За илустрација: бакнежот не значи ништо. Ама затоа скалпер низ стомакот на партнерот и тоа како предизвикува интерес.
Значи, Дејвид Кроненберг се надминал и себеси.
Поминати се 20 години откако го има напишано сценариото, но не е дека бил без ич - во 1996 беше на Кан со Crash, филм за секс-клуб исклучиво за жртви на сообраќајки.
Треба да ти текне.
Кристен Стјуарт има споредна улога во филмот. Самиот филм често сее нешто што подоцна никако да го ожнее; цели заплети се почнуваат и се напуштаат како ништо да не се случило. Поголемиот дел од сцените како да не се затворени, но филозофската апсурдност како да му е најсилна страна на Кроненберг, па
„дали ќе ве остави замислени или ќе трчате да повраќате, не може да се одрече дека неговиот нов филм е будалест, секси и прекрасно осмислен,“ завршува Гринвуд.
Кој сака трејлер: