Ребел Вилсон игра 37-годишна жена што на свои 17 паѓа во кома по несреќа за време на навивање во школо. Неодамна, Jawbreaker наполни 23 години, па сега споредете го вие тоа време со ова денес, или бетер - нека ви текне на вашето средно школо пред дваесет (Триесет? Четириесет?) години и како би се снашле ако запрете тогаш и преспиете до 37.
Ученик во средно школо во 2002 година, на пример, од доживљајот „сега СЕКОЈ може да испрати СМС порака“, треба да се снајде во свет каде што некои негови врсници заработуваат милиони од видеа на интернет (кој патем, одамна не е dial-up).
Или, од она што може да се види во трејлерот - школска навивачка од тоа токсични американски средни школи, научена на класни и друштвени поделби во школо, мора да се помири дека сите сме еднакви и никој од ништо не се срами.
Занимлива идеја е, и меч со две острици - може да биде закон, ама еднакви се шансите да биде негледливо. Вака личи дека има моменти: