Во видео на Инстаграм, Сталоне зборуваше за една од најважните средби што ги имал како млад актер и тоа што го научил од искуството.
„Нашите животи се означени од раскрсници,“ вели тој. „Нешто се случува што ти го менува курсот на животот, или не се случува и животот не ти се менува.“
Оваа „раскрсница“ на Сталоне му се случила во 1970-та, кога тој и уште еден млад актер биле на аудиција за двајца лопови за Bananas на Вуди Ален. Кога влегле на станицата на подземната железница каде што се снимала сцената, асистентот на режисерот им рекол дека нема да бидат потребни.
„Вуди Ален, кој е многу срамежлив, се сврте кон него, му шепна нешто и си отиде. И асистентот ни рече, ‘тој мисли дека не сте доволно страшни,“ се сеќава Сталоне. „Реков, нека се носи, и на другар ми му реков, ‘јас си одам.’“
Сепак, другар му тргнал по него и го убедил да не се откажува, па отишле во аптека, купиле Вазелин, ги залижале косите, се извалкале со прљавштини од станицата и се вратиле на сетот:
„Го видов Вуди Ален од далеку, овој пат го одминав асистентот, му пријдов, го потапшав по рамо, тој се сврте, шокиран и му реков: ‘Сега те плашам ли? А? Те плашам?’, со претерување. И тој рече, ‘Добро, може, добри сте’. И ги добивме улогите.“
Не само што ова е клучен момент за актерската кариера на Сталоне, туку тој го гледа и како важна лекција за неоткажување.
„Понекогаш, откажувањето не е крај на сè, туку одново обмислување на работите, на воведот, на стратегијата,“ вели тој. „Сменивме неколку работи, влеговме со поинаков став и нè примија. Пораката на приказната е дека некогаш мораш да се свиткаш, да се смениш и да се претвориш во нешто што не си го очекувал… Мораш нешто да промениш. Некогаш треба да клоцнеш врата, некогаш да се прекачиш преку прозор, а некогаш едноставно да ја смениш презентацијата.“